Изненадувањето на 23-то коло од германското фудбалско првенство се случи во неделата во Дортмунд каде гостинскиот Хофенхајм со 3:2 ја совлада фаворизираната Борусија.
Уште втората минута од играта беше навестено дека Борусија ќе биде изненадена, кога Бебу ги доведе гостите во водство. Борусија имаше подготвен одговор и направи пресврт во рок од само пет минути. Мален израмни во 21. минута, додека Шлотербек во 25. минута погоди за 2:1 за домаќините.
Како што набрзина примија два гола, фудбалерите на Хофенхајм во продолжението од мечот исто толку брзо постигнаа два погодока и победија. Херој на гостите беше Максимилијан Бејер, стрелец на двата гола во 61. и 64. минута.
Борусиј Дортмунд остана на четврта позиција со 41 бод, шест бодови помалку од третопласираниот Штутгарт, а дур 12 зад вторниот Баерн Минхен, додека на врвот е Баер Леверкузен. Хофенхајм се искачи на седмото место со 30 бодови.
Во првиот неделен натпревар од 23. коло немаше победник, Ајнтрахт и Волфсбург одиграа 2:2 во Франкфур. Двапати Волфсбург водеше, но не успеа да победи. Ова за Волфсбург беше осми лигашки натпревар по ред без победа.
Лакроа го доведе Волфсбург во водство во втората минута, но веќе во 14. минута Макс постигна гол за 1:1. Гостите повторно поведоа во 36. минута кога Бехранс ја погоди домашната мрежа и Волфсбург водеше до 92. минута. Тогаш Мармуш стана домашниот херој и ги постави конечните 2:2.
Во последниот натпревар од колото, фудбалерите на Аугсбург по пресврт пред своите навивачи го совладаа Фрајбург со 2:1. Гостите поведоа со голот на Гриф од пенал во 19. минута и трите бода ги имаа до 72. минута. Потоа почна пресвртот, Удуохаи најпрвин израмни, додека Енгелс со гол во 80. минута обезбеди три бода за домашните.
Аугсбург ја прекина серијата од четири првенствени натпревари без победа, а во тој период имаше две нерешени и два пораза. Фрајбург продолжи со лошите настапи и има четири порази и едно реми во последните пет првенствени натпревари. Ајнтрахт остана шести, додека Волфсбург минимално напредуваше и моментално е на 12. место.