Во дербито од 30-то коло од германското фудбалско првенство, РБ Лајпциг славеше на гости кај Баер Леверкузан со 1:0 во дуелот на двајцата кандидати за пласман во Лигата на шампионите следанта сезонат.
Дуелот, во кој домашниот Баер беше десеткуван поради многуте изостанувања на неговите играчи, славеа гостите од Лајпциг со погодокот во 69 минута кој го постигна Австриецот Доминик Шобошлаи на додавање на Нкунку.
Со новите три бода РБ Лајпциг се искачи на третото место со 54 бодови, додека Баер Левркузен се симна место подоле со 52 бодови. И двата клуба во моментов имаа пласман во Лигата на шампионите, а од петтата позиција ги загризува Фрјбург со 51 бод, а нивни киксови во серија до крајот на сезоната очекува и шестиот Унион Берлин со 47 бодови.
Во првиот неделен натпревар Баерн Минхен рутински го одработи гостувањето кај Арминија и славеше со 3:0. Резултатот го отвори автоголот на Јакоб Берет Лаурсен во 10 минута, Серж Гнабри го удвои водството во седмата минута од судиското продолжение на првиот дел, а конечниот резултат го псотави Џамал Мусиала во 84 минута.
Баер поворно на врвот на табелата има девет бодови предност пред второпласираната Борусија Дортмунд, а Арминија остана претпоследна 17-та со 26 бодови, два помалку од зоната на опстанок.
Хофенхајм, кој со победа на четири кола до крајот можеше да дојде до позиција која води во Европската конференциска лига, неочекувано на свој терен киксираше и ремизираше без голови со одамна отпишаниот Гротјен Фирт. Хофенхајм така падна на осмото место со 45 бодови, а Фирт остана закован на дното со 19 бодови.
Киксот на Хофенхајм го искористи токму Унион Берлин кој со домашната победа над Ајнтрехт од Франкфурт од 2:0 скокна на шестата позиција. Стрелци за домашните беа Таиво Авонији во 17 и Гриша Промел во 20 минута.
Унион Берлин сега е шести со 47 бодови, а Ајнтрахт со 39 бодови е на десеттото место на табелата.