Бундеслига: „Петка“ на Ајнтрахт, Мајнц го изненади Вердер

Фудбалерите на франкфуртски Ајнтрахт ја остварија најубедливата победа во саботната програма од 10-то коло на германската Бундеслига со 5:1 над Баер Леверкузен.

Ајнтрахт поведе во судиското продолжени од првиот дел од повторен пенал. Прво лошо го изведе Рандал Коло Муани, односно неговиот удар го одбрани голманот на Баер, Лукаш Храдецки, но ВАР-от покажа дека сѐ не било според прописите, па најстрогата казна беше повторена. Даичи Камада ја презема одговорноста и погоди за водство на Ајнтрахт.

Тимот од Леверкузен израмни во 56 минута, а стрелец беше Пјеро Хинкапие, но домашните многу брзо одговорија. Две минути подоцна Мауни се извади за промашениот пенал, а во 65 минута Јеспер Линдстром го удвои водството, потоа во 72 минута Камадо реализираше уште еден пенал, а конечниот резултат го постави Лука Аларио во 86 минута.

Ајнтрахт ја впиша петтата победа и моментално е четврти на табелата со 17 водови, додека Баер Леверкузен е разочарувачки на 16-то место со осум бодови.

Штутгарт дома беше убедлив против Бохум кого го совлада со 4:1. Стрелци за домашните беа Силас Катомпа Мвупма, двапати уште во 3 минута од пенал и во 64, Науиру Ахамада во 22 и Батау Ендо во 71 минута, а за гостите погоди Симон Цолер во 29 минута.

Штутгарт ја оствари првата победа сезонава и успеа да се извлече на 14-то место и ја предводи групата тимови со по осум бодови, а Бихум остана последен 18-ти со само една победа но и со едно реми и има само четири бодови.

Волфсбург и Борусија Менхенгалдбах одиграа без победник 2:2. Борусија поведе во 13 минута со голот на Маркус Турам, но Волфсбург во завршницата на првиот дел израмни во 41 минута преку Јаник Герхард, во 48 минута Турам со својот втор гол на мечот повторно ги доведе во водство гостите, а конечните 2:2 го постави Омар Мармуш во 69 минута.

Борусија Менхенгладбах е шеста на табелата со 16 бодови, а Волсфбург е 13-ти со десет бодови.

Мајнц на гости го совлада Вердер со 2:0 и го спречи барем привремено да им се приближи на водечките. Стрелци за гостите беа Маркус Ингвартсен во 36 и Ли Џе-сунг во 66 минута.

Вердер остана на 15 бодови и падна на осмото место, колку што сега има и Мајнц но е 10-ти.

Во последниот саботен натпревар РБ Лајпциг на свој терен до крајот стравуваше дека ќе го прокоцка убедливото водство против берлинска Херта, мечот заврши со домашна победа од 3:2.

Домашните имаа на полувремето убедливи 3:0 остварени преки Емил Фосберг во 25, Абду Диало во 30 и Вили Орбан во 45 минута. Гостите се заканија со два брзи погодока, на Доди Лукебакио во 62 минута од пенал, и две минути подоцна преку голот на Стеван Јоветиќ, но тоа беше сѐ уште можеа да сторат.

РБ Лајпциг е деветти со 15 бодови, а Херта остана 15-та со осум бодови.

Во недела играат Келн – Аугсбург, Унион Берлин – Борусија Дортмунд и Баерн Минхен – Фрајбург.