Бундеслига: Победи на Фрајбург и Лајпциг, Унион ремизираше

Фудбалерите на Фрајбург и РБ Лајпциг остварија победи во 30-то коло од германската Бундеслига, додека во борбата за Лигата на шампионите Унион Берлин ремизираше со Баер Левркузен.

Фрајбург победи кај Келн со голот на Јапонецот Рицу Доан во 54 минута и со 56 бодови го држи четвртото место, последното кое води во Лигата на шампионите. Исто толку бодови, но подобра гол разлика на третото место има Унион Берлин кој на домашен терен одигра 0:0 против Баер Леверкузен.

РБ Лајпциг победи на домашен терен против Хофенхајм со голот на Французинот Нкунку во 38 минута за 1:0 и е петти со 54 бода.

Ајнтрахт и Аугсбург одиграа 1:1, а Штутгарт забележа важна победа од 2:1 во борбата за бодови за опстанок против Борусија Менхенгалдбах.