Бундеслига: Поразот на Лапциг во Менхенгалдбах го качи на врвот Баерн и Борусија Дортмунд

Во послдниот саботен натпревар од шестото коло во германската Бундеслига Борусија Менхенгалдба со 1:0 го совлада РБ Лајпциг, што им овозможи на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд да го минат досега водечкиот клуб.

Стрелед на погодокот за Борусија Менхенлгадбах бепе Ханес Волф во 60 минута, и со овие три бода неговиот клуб со 11 бодови се искачи на четвртата позиција на табелата. РБ Лајпциг остана на 13 бодови, но сега е третопласиран, откако со денешните победи Баерн Минхен и Борусија Дормунд дојдоа до 15 бодови и го делат врвот на Бундеслигата.

Претходно во саботата во шестото коло од германската Бундслига фаворитите минхенски Баерни и дортмундска Борусија во саботата забелажаа победи.

Баерн на гости со 2:1 го совлада Келн, а двата гола ги постигна во првото полувреме. Прво во 13 минута погоди Томас Милер од менал, а во судиското продолжение од првото поливреме Сер Гнабри по соло продор од десната страна влезе во противничкиот шеснаесетник и прецизно погоди за 2:0. Утешниот погодок за домашните го постигна Доминк Дрекслер во 82 минута. По овој пораз Келн со само два бода остана на 16 место.

Гостинска победа извојува и Борусија Дортмунд која со 2:0 беше подобра од Арминија Билефилд, а двата погодока ги постигна со глава стоперот Мат Хумелс. Првиот по 53 минута по корнерот кој го изведе Џејдон Санчо, а вториот во 72 минута по центаршутот на Марко Ројс. Ова е првпат по 2010 година Хумелс да постигне два погодока на еден натпревар во Бундеслигата. Арминија со четири бодови моментално е на 14-то место.

Аугсбург на домашен терен со 3:1 го доби последнопласираниот Мајнц кој сѐ уште нема освоено бод. Домашните поведоа во 40 минута со „ножичките“ на Швајцарецот Рубен Варгас, а Мајнц израмни преку Карим Онисива во 64 минута. Сепак, гостите не издржаа во настојувањата да го освојат првиот бод сезонава, Андре Хан во последните десет минути од мечот, со подогодиците во 80 и првата минута од судиското продолжение му ја донесе победата на Аугсбург, кој во моментов е четвртопласиран со 10 бодови.

Во петокот вечерта Шалке и Штутгарт одиграа 1:1, што беше 22-от последователен натпревар за Шалке без првенствена победа.

Во недела во 15,30 часот се среќаваат Фрејбург и Баер Леверкузан, а од 18 часот играат Херта и Волфсбург. Во понеделник колото ќе го заокружи дуелот меѓу Хофенхајм и Унион Берлин кој е закажан за 20,30 часот.