Во последните натпревари во неделната програма на германското фудбалско првенство во Берлин домашната Херта и Волфсбург одиграа без победник 1:1, додека Баер Леверкузан на гостувањето со 4:2 го совлада Фрајбург.
Ова беше првото реми за Херта оваа сезона, додека Волфсбург веќе петти пат одигра без победеник. Херта поведе во шестата минута преку Матеус Куња а во 20 минута за Волфсбург израмни Боте Баку.
Во 36 минута судијата Мартин Петерсен досуди најстрога казна во полза на домашните, но по проверката на снимката ја поништи својата одлука. Во продолжението Херта беше поблиску до победат, домашните имаа две одлични шанси да дојдат во водство, но Доди Лукебакио во 53 и Дедрик Бојата во 85 минута промашија ткн „стопроцентни“ прилики.
Херта сега има четири бодови и е на 14-то место, а Волфсбург има двојно повеќе бодови и е на 10-то место.
Во Фрајбург домашните поведоа веќе во 3 минута со погодокот на Лукас Хелер. Но следеше целосен пресврт на гостите од Леверкузен за кои погодија Лукас Аларио во 29 и 42 минута, а водството го удвои Надием Амири во 64 минута. Нилс Петерсен во 72 минута го намали водството на гостите, но само по четири минути Џонатан Тах повторно ги одведе гостите на „плус два“, а резулатот не се менуваше до крајот.
Баер Леверкузен се врати на четвртата позиција со 12 бодови, а Фрајбург е 13-ти со шест бодови.
Во водство се Баерн Минхен и Борусија Дортмунд со по 15 бодови, а чекорот со водечкиот тандем го загуби РБ Лајпциг кој е привремено деторнизиран откако во саботата беше минимално поразен на гостувањето кај Борусија Менхегладбах која сега на табелата е петта со 11 бодови.
Шестото коло во Биндеслигата ќе го заокружи дуелот меѓу Хофенхајм и Унион Берлин, 11-от и 12-от пласиран тим, односно своевидно дерби од средината на табелата.