Фудбалерите на Аугсбург продолжија со добрите игри и во последниот натпревар до осмото коло на Бундеслигата го совладаа Шалке 04 на гости со 3:2.
Ова е третата последователна првенствена победа на Аугсбург кој претходно ги совлада Вердер и Баерн Минхен.
Сигурно водство на Аугсбург од 2:0 му донесе Ермедин Демировиќ со погодоците во 9 и 21 минута. Но Шалке успеа да израмни со головите на Сомот Тероден во 33 и Том Краус во 63 минута. Гостите останаа со играч помалку откако во 70 минута беше исклучен Мергим Бериша, но тоа сепак не ги попречи да извојуваат победа со погодокот во 77 минута на Андре Хан.
Аугсбург полека се извлекува од опасната зона и сега дојде до 10-то место со 12 бодови, а Шалке 04 со шест бодови е 15-ти.
Херта и Хофенхајм во Берлин одиграа без победник 1:1. Гостите поведоа преку Андреј Крамариќ во 25 минута, а домашните израмнија во 37 минута преку Доди Лукебакио, Хофенхајм се одржа на петтата позиција со 14 бодови, а Херта е 14-та со седум бодови.