Бундеслига: Унион Берлин го задржа врвот

Унион Берлин во седмото коло од германското фудбалско првенство во неделата со 2:0 на својот стадион го совлада Волфбург со што остана на врвот на Бундеслигата.

Берлинскиот тим до победата дојде во второто полувреме, кога ги постигна двата погодока. Прво во 54 минута Теосон Зибетшау го донесе во водство Унион, а Шералдо Бекер ја потврди победата во 77 минута.

Ова е петта победа на Унион Берлин во сезоната со која се одржа на врвот на табелата со 17 бодови. Два помалку има Борусија од Дортмунд. Волфсбург е едно од најнепријатните изненадувања на почетокот од сезоната и го впиша четвртиот пораз, па со пет бодови е претпоследен 17-ти.

Последниот Бохум по стартните шест порази во низа во неделата го освоија првиот бод, откако пред своите навивачи одиграа 1:1 против Келн. Домашните поведоа уште во 9 минута со автоголот на Бено Шмотц, но првата радост сезонава на само две минути пред крајот на мечот им ја ускрати погодокот на Лонтон Маина,. Келн сега со 10 бодови е на деветто место.

Во последниот неделен натпревар Хофенхајм и Фрајбург одиграа без погодоци, со што нивниот редослед на табелата не се измени. Фрајбург е трет со 14 бодови, а на место подолу со бод помалку е Хофенхјајм.