Социјалдемократскиот политичар, во досегашната влада министер за внатрешни работи и за финансии, Олаф Шолц, очекувано во средата претпалднето е избран за нов германски канцелар.
Во парламентот за изборот на Шолц гласаа 395 пратеници, 303 гласаа против, а 6 се воздржаа. За изборот на кацелар потребно е ткн канцеларско мнозинство од најмалку 369 гласови, значи мнозинство од сите а не само од присутните членови на парламентот.
Новиот состав на германскиот парламент е најголем досега со 736 пратеници од шест партии. Минимално во Бундестагот може да има 598 пратеници, но нивната бројка расте благодарејќи на комплицираниот изборен систем и ткн вишок мандати настанува кога во една изборна единици кандидатот на партија ќе добие повеќе директни гласови отколку партијата од којашто е предложен.
Новата социјалдемократско-зелено-либерална влада, според партиските бои наречена „семафор коалиција“, којашто ќе му даде поддршка на Олаф Шолц, располага со 416 мандата.
Изборот на Шолц за канцелар го предложи претседателот, Франк-Влатер Штајнамер, откако Социјалдемократската партија на Германија (SPD) освои најмногу гласови на септемвриските избори и го преземап и успешно го спроведе составување на коалициската влада со партиите на Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) и Слободнaта демократска партија на Германија (FDP).
Шолц по изборот во Бундестагот замина во блиската претседателска резиденција каде треба да му биде врачена канцеларската повелба,а потоа на пладне пред парламентот би трбело да ја положи свечената изјава. Потоа во Бундестагот би требало свечените изјави да ги дадат и сите членови на новата влада, која ќе биде составена од 16 министерства, седум од SPD, пет од Зелените и четири од FDP. Новата влада во своите приоритети го вброи борбата против пандемијата на коронавирусот и против климатските промени.
Социјадемократскиот политичар Шолц е деветтиот по ред повоен германски канцелар и на оваа позиција ја заменува Ангела Меркел од Христијанско-демократската унија (CDU) која на власт беше од 2005 година. Примопредавањето на канцеларската должност, како и примопредавањата на повеќето министерско должности ќе бидат извршени во средата попладнето.