Германскиот парламент Бундестагот донесе одлука за намалување на данокот на додадена вредност на женските хигиенски потреби, како што се тампоните и влошките, откако петицијата за намалување на оданочувањето на овие производи собра над 81.000 потписи.
„По собраните 81.000 потписи, исцрпната расправа во Бундестагот и сесрдната поддршка од министерот за финансии Олаф Шулц, сега и официјално е: од 2020 година тампоните, влишките и другите производи за женска хигиена ќе се третираат како основни потреби и ќе се одданочуваат со 7 наместо со 19 отсто“, пренесува малдинското списание Neon преку берлинската компанија „Einhorn“ кои ја покренаа петицијата за намалување на ДДВ-то за споменатите производи.
Оваа петиција беше поддржана од многу познати имиња од германската јавност, а според соопштението на Neon, не станува збор само за финасиско прашање, туку и за рамноправност меѓу половите.
„Горди сме на она што заеднички го постигнавме. Месечниот циклус не е луксуз и затоа овие производи не смеат да се одданочуваат по повисоката стпка на ДДВ“, се вели во соопштението.