Утре германскиот Бундестаг ќе одлучува за старт за преговорите на нашата земја на Самитот на ЕУ закажан за во октомври.
Секторот за европски прашања информира дека заменик претседателот на Владата Бујар Османи ќе престојува во работна посета на Берлин, каде ќе присуствува на седницата на Бундестагот и во живо ќе ја следи расправата и гласањето за одлуката за старт на преговорите на Македонија на Самитот на ЕУ во октомври.
Домаќин на Османи ќе биде претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле.
Доцна вечерва заврши сесијата на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот чии членови му препорачаа на германскиот парламент да донесе позитивна одлука за отпочнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.
„CDU/CSU штотуку ја донесе партиската одлука со апсолутно мнозинство за подршка на почетокот на преговорите со РСМ. Одлична најава за четврточното гласање во Бундестаг! Благодарам ЦДУ/ЦСУ
Благодарам Канцеларке Меркел“, се огласи вчера на Фејсбук вицепремиерот Османи.
Тој сподели со јавноста и дека решил да ја скрати посетата на Њујорк на Генералното Собрание на Обединетите Нации за да патува за Берлин.