![сирија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/siri-a.png?resize=696%2C382&ssl=1)
Сириските бунтовници се обидуваат да го опколат главниот град Дамаск, изјави портпаролот на бунтовниците Хасан Абдулгани.
Портпаролот на бунтовничката коалиција предводена од групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) на Телеграм напиша дека „последната фаза“ од нивната операција за „опсада“ на Дамаск е започната.
Сириската армија негираше дека нејзините сили се повлекуваат од регионот на Дамаск, нарекувајќи ги извештаите за нивно повлекување „лажна медиумска кампања на вооружени терористички организации чија цел е ширење паника и страв меѓу цивилите во селата околу Дамаск“.
Фото: АП