![uragan argentina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/uragan-argentina.jpg?resize=696%2C452&ssl=1)
Бројот жртви во силнат абура којашто во текот на изминатиот викенд ги погоди Аргентина и Уругвај се зголеми на 16 лица.
Уругвајската метеоролошка агенција соопшти дек две лица загинале откако силните налети на ветер во неделата рано утрото го погодиле југоистокот на земјата.
Во Аргентина една жена загинала во неделата рано утрото по локално време во градот Морено, откако врз неа паднала гранка од стебло, пренесуваат тамошните медиуми.
Тринаесет лица загинале во градот Баија Бланка во саботата отокако во бурата се урнал ѕид. Местото на несреќата во неделата го посети новиот аргентински претседател Хавие Милеи .
Силните ветришта во бурата уривале стебла и столбови од уличното осветеление и во главниот град Буенос Аирес.