Бурна расправа за брегзитот во Европскиот парламент

Во бурната расправа во Европскиот парламент посветена на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, челникот на Европска народна партија (ЕРР) Манфред Вебер, им порача на гласачите да не ги следат „националистите и егоистоте“, додека Најџел Фараж, лидер на кампањата за брегзитот, ја обвини британската премиерка Тереа Меј за „удоволување на насилницете“ од ЕУ.

Вебер, кој е кандидат на еврпските конервативци за иден претседател на Европската комисија, во текот на расправата посветена на брегзитот во Европскиот парламент во Стразбур порача дека е многу подобро да се рефмира Европската унија, отколку да се напушти, и им порача на гласачите да не ги следат „националистите и егоистите“, бидејќи „тие се лажговци“/

„Патувам по Европа и не гледам никој во Европската унија кој мисли дека британскиот пристап е паметен пристап. Никои тоа не ми го кажува. Луѓето ми велат дека гледа политички хаос во Британија. Оттаму нашата главна порака во изборната кампања е: не ги следете националистите, не ги следете егоистите, тие се лажговци. Многу подобро да се реформира Европската унија, отколку да се напушти или дури да се уништи“, порача Манфред Вебер.

Пленарната седница на Европскиот парламент се одржа откако во вторникот вечерта британскиот парламент со големо мнозинство од 432 наспрот 202 гласа го отфрли договрот за брегзитот. Тоа е најтешкиот пораз на некоја британска влада во историјата, по што челникот на опозициските британски лабуристи, Џереми Корбин, веднаш поднесе барање за гласање недвореба на владата на Меј, што треба да се одржи подоцна во средата.

Вебер истакна и дека „не гледа простор за маневрирање“ во преговарањето на условите за британското напуштање на ЕУ. „Доколку британските пријатели сакаат повторно преговарање и доколку имаат дополнителни барања, тогап и ние имаме право тоа да го бараме. Тогаш отвораме цела рамка, и нема само британските прашања да бидат на масата“, рече сегашниот претседател на пратеничката група на ЕРР.

Најџел Фараж, кој беше еден од предводникот на кампањата за брегзитот и претседател на пратеничиката група Европа на слободата и непосредната демократија (EFDD), во својот настап ја обвини Тереза Меј за лошото водење на преговорите, а „неизбраниот бирократ“ Мишел Барние, главниот преговарач на ЕУ за брегзитот, за неппопустливото држење во преговорите.

„Меј не ја научи историската лекција дека доколку им попуштатате на насилниците, тие секогаш доаѓаат по уште повеќе. Се оденсвуаше како водач на земја која е поразена во војна и затоа договорот за повлекувањето повеќе личеше на документ за капуитулација“, рече Фараж и додаде дека Меј не добила никави концесии и дека би поднела оставка на местото премиерка доколку има „чувство за чест“.

Првиот претседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, изрази жалење поради тоа што договорот, кој за него е најдобриот можен, е одбиен. Тимерманс истакна дека не треба да се „создава илузија“ дека станува збор за процес кој нема да му наштети никому.

„Брегзитот ќе им нанесе штета и на Обединетото Кралство и на Еропската унија/ Нашата заедничка одговорност е да го ограничиме нанесувањето штети на најмалата можна мерка“, рече Тимерманс.

Роберто Гуалтиери, кој говореше во името на социјалдемократите од S&D, порача дека активирањето на членот 50 за повлекување од Договорот за ЕУ може да биде повлечен.

„Доколку британскиот парламент не е во состојба да ја дефинира насоката во која сака да оде, можеби ова е вистинскиот момент луѓето да кажат што сакат преку нови избори или нов референдум. Нашата пратеничка група има јасен став, нема да приговараме доколку е потребно одложување на активирањето на членот 50 а да се даде време за една од овие опции“, рече Гуалтиери.

Пратеникот на британската Конзервативна партија, Сиед Камал, од пратеничката група на конзервативците и реформистите (ECR) ги наведе за британскиот парламент проблематичните ставки од договорот.

„Во Вестминстер го гледаат договорот за повлекување како правна обврска, којашто може засекогаш да ги обврзе на царинска унија. Тое се повикуваат на ијавите од европските функционери кои рекоа дека царинската унија ќе биде темел за идните односи. Можете едноставно да чекате и да се подготвите за сценариот во кој нема договор или можете да размислите за тоа на кој начин ќе промените одредени ставови, за полесно да се постигне договор. Секако не можете да очекувате дека Обединетото Кралство ќе остане заглавено во царинската унија засекогаш“, рече Камал додавајќи дека ЕУ сега има два избора.

Камал, исто така, смета дека непопустливоста на европските преговарачи е причина за неприфаќањето на договорот. „Мислам дека доколку навистина се покаже добра волја да се излезе в пресрет, дека на британската премиерка би и` се овозможило да ја добие поддршката од британскиот парламент“, порача.

Челникот на либералите во Европскиот парламент, Ги Верхофштад, спротивно од Камал, истакна дека договорот би бил постигнат кога сите партии во Велика Британија „би почнале да ги стават интересите на Британија пред сосптвените теснопартиски интереси“. „Мислам дека дојде времето на нашите британски пријатели да им се каже дека поради самата Британија треба да воспостават меѓупартиската соработка. Дефинирајте како би требало да изгледаат идните односи меѓу Европската унија и Велика Британија“, рече Верхофштад.

Главниот преговарач на Европската унија за брегзитот, Мишел Барние, порача дека „никогаш ризикот од непостигнување договор не се чинел толку голем како што се сега“ на само десет дена пред 29-ти март кога Британија ќе ја напушти ЕУ.

„Нашата одговорност е да бидеме луцидни. Оттаму ќе ги интензивираме нашите настојувања, за да бидеме подготвени и на таквата можност“, додаде Барние и го пофали договорот како „најдобар можен компромис“. „Овој компромис носи правна сигурност, правна сигурност во сите домени, во коишто брегзитот доведе до содавање на несигирност“, рече.

Истакна дека пратениците во британскиот парламент кои гласале против договорот, го сториле тоа поради „многу различни причини“, коишто понекогаш се контрадикторни. „Тоа гласање, објективно гледано, всушност не е одраз на позитивното мнозинство кое овозможи дефинирање на алтернативниот проект за договорот кој денес го имаме пред нас“, истакна Барние.

Барние рече дека Европската унија, доколку Велика Британија одлучи да иде „чекор натаму од договорот за слободната трговија“, ќе одговори позитивно на таквите барања и додаде дека идните форми на соработка нема да бидат само економски, туку ќе се однесуваат на сите секторски форми на соработка, универзитетската соработка, соработкара во науката и истражувањата , рибарството, воздухопловството, сообраќајот и на полициската и правосудната соработка. „Обединетото Кралство е пријател и сојузникл, и ќе остане и тоа во текот на нашето партнерство поврзано со сето она што се однесува на надворешните односи, развојат и одбранбената соработка“, рече Барние.

Романската политичарка Меланија Циот се обрати во името на Советот на ЕУ со кој претседава нејзината земја, и кога станува збор за неизвесноста во постигнувањето на договорот, испрати слична порака како и Барние. „Конечниот резултат, кога станува збор за содржината и роковите, и тоа како е несигурен. Затоа треба да се продолжи со подготовки за сите сценарија“, рече Циот и додаде дека „мораме подобро да се подготвиме за брегзит без договор“, иако таквото сценарио е непосакувано.