Буш го поучи Бајден – потребна е итна помош на бегалците од Авганистан, а не бирократија

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, кој ја започна „војната против тероризмот“ во Авганистан по нападите врз САД на 11 септември 2001 година, денеска ја повика американската влада да го забрза процесот на давање помош на авганистанските бегалци откако талибанците ја презедоа власта.

– Владата на САД има законска надлежност да ја намали бирократијата за бегалците за време на итни хуманитарни кризи. И ние имаме одговорност и ресурси да им обезбедиме безбеден премин сега, без бирократско одложување – се наведува во заедничкото соопштение на Буш и поранешната прва дама Лора.

Тие изразија „уверување дека напорите за евакуација ќе бидат ефикасни“ со помош на американските сили.

– Нашите најголеми сојузници, заедно со невладините организации, се подготвени да помогнат – се додава во соопштението.

Џорџ и Лора Буш истакнаа дека чувствуваат „длабока тага“ поради случувањата во Авганистан, но дека остануваат оптимисти за отпорноста на авганистанскиот народ, особено на помладите, кои пораснаа без талибанците во последните две децении.

Буш, кој го критикуваше повлекувањето на американските и НАТО војниците од Авганистан во јули, посочи дека претседателот Џо Бајден ветил евакуација на Авганистанците кои биле „во првите редови на напредокот на нивната земја“.

Тој минатиот месец рече дека повлекувањето на американските војници ќе има огромни последици за Авганистан, особено за жените и девојчињата