Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека поради одредени зафати во елктродистрибутивната мрежа без струја ќе останат делови од Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Студеничани.
Ова се деловите каде ќе нема струја:
• од 08:30 до 14:30 часот корисниците од ул. Хо Ши Мин и ул. Душко Поповиќ (општина Бутел)
• од 08.30 – 13.30 часот Трубарево, Чукур и Ергеле (о. Гази Баба);
• од 09.00 – 13.00 часот дел од ул. Востаничка (о. Кисела Вода);
• од 09.00 – 12.00 часот ул. Воин Драшковиќ, ул. Кичевска, ул. Радушка и ТЦ Ѓорче Петров (о. Ѓорче Петров) и
• од 10.00 – 13.00 часот дел од с. Љубин (о. Студеничани).