![bajden i butidzic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/bajden-i-butidzic.jpg?resize=696%2C400&ssl=1)
Поранешниот кандидат за претседателската номинација на Демократската партија, Питер (Пит) Пол Монтгомери Бутиџич, кој важаше за „откритие“ на предизборите кај демократите, е изборот на избраниот претседател Џон Бајден за иден министер за сообраќај/ транспорт, со што би станал првиот член на американската администрација кој отворено признава дека е хомосексуалец, објавија американските медиуми.
Именувањето на Бутиџич од страна на Бајден се очекува да го објави преодниот тим на новизбраниот американски претседател, а потоа треба да го потврди и Сенатот.
Триесет и осумгодишниот Бутиџич, поранешен градоначалник на малиот град Саут Бенд во сојузната држава Индијана, имаше неверојатен политички подем во текот на трката аа претседателската номинација на демократите во 2020 година. Бутиџич стана тогаш сериозен предизвик за Бајден и другите фаворити меѓу демократски кандидати пред да се откаже од трката во март 2020 година по проблематичниот старт на демократските предизбори, и потоа да го поддржи Бајден.
По Камала Харис, која беше потпретседателска кандидатка, ова е втор поранешен ривал внатрепартиските избори кого Бајден се реши да го повика во својот тим, главно составен од технократи и претставени експерти.
Воедно Пит Бутиџич е и меѓу ретките личности кои не беа дел од администрацијата на поранешниот демократски претседател Барак Обама, кому Џо Бајден му беше потпретседател во периодот од 2009 до 2017 година.