Во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21, вчера гостуваше Скендер Бузаку кој за себе рече дека е единствен легитимен поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), врз основа на судска одлука.
Тој во емисијта на ТВ21 презентираше скандалозни документи за работењето на сега разрешениот реис Сулејман Реџепи. Рече дека од сметка на ИВЗ кон синот на Реџепи исплатени се 20.000 евра, приложувајќи документи од банка.
Бузаку објави повеќе скандалозни документи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, а во целост ќе ги објавиме во текот на утрешнито ден.