Бузалковски со две победи на БМУ Европскиот шампионат тргна да ја брани титулата

Изминатиот викенд на стазата крај Серес , Грција се одржаа првите две трки од БМУ Европскиот шампионат на кој настапи нашиот најтрофеен натпреварувач  Христијан Бузалковски со две победи во саботната и неделната трка го почна походот кон одбраната на титулата.

„Сезоната започна на најдобар начин, остваривме две победи во првите две трки и со тоа го започнавме походот кон одбраната на титулата! Можам да кажам дека сум задоволен од тоа како се одвиваше целиот викенд, моторот работеше перфектно и се беше како што треба! Огромна благодарност до моите спонзори агенцијата за млади и спорт и федерацијата! Продолжуваме со уште појака подготовка за наредната трка, која ќе се одржи за нешто помалку од еден месец“, објавија од тимот на ХБ71.