Над триесет милиони предгледи за само еден ден има он лајн верзијата на извештајот Дуинг бизнис . Овој податок е доволен показател за неговата релевантност во деловниот свет. Креаторот на Дуинг бизнис индексот кој ја мери деловната клима во земјите, Симеон Џанков, во интервју за „економски.мк“ вели дека извештајот е многу важен за малите земји, како Македонија. Големите економии немаат проблем, тие се огромни пазари и заради тоа имаат многу инвестиции, но Дуинг бизнис е значаен за малите економии. Преку него, инвеститорите дознaваат за земјите како Македонија.
„Инвеститорите кои размислуваат за тоа каде да ги вложат парите, за жал не знаат за Македонија. Знаат за Германија, Полска, но не и за Македонија. Кога носат инвестициски одлуки, тие добираат информации. Дуинг бизнис е еден од првите извештаи кои ги читаат, затоа што е тоа извештај на Светската банка што му дава голем легитимитет. Секој инвеститор, од сите сектори го има погледнато овој извештај пред да одлучи да инвестира во Македонија. Дуинг бизнис има големо влијание“, вели Џанков
Успехот на Македонија се должи на огромното залагање на Владата
Дуинг бизнис постои 14 години и мери повеќе индикатори како што се брзината за почнување бизнис, трошоците за работа на компаниите, процедурите за