добивање градежни дозволи…сите тие се битни за менаџерите кои бараат нова инвестициска дестинација. Македонија е доказ за тоа. Колку повисоко котира на извештајот, толку повеќе инвестиции доаѓаат во земјата. Таа е лидер во деловниот свет затоа што во изминатите девет години спроведе редица реформи кои ја подобрија бизнис климата.
„Оваа Влада, посебно министерот Ставрески, работеше постојано на реформите, почнувајќи од 2006/2007 година. Истиот тим работи долго време на овој проект и може да согледа кои реформи се потребни. Јас бев менаџер на проектот во првите шест седум години и секоја година доаѓав тука за да дискутираме кои реформи се потребни. Значи ова не се случи за една година. Тоа што го гледаме годинава е резултат на многу напорна работа. Во текот на последната година направени се две клучни реформи заради кои Македонија е 12 во светот. Едната е олеснувањето на процедурите за основање бизнис за новите компании која сега се одвива електронски и е многу брза. И втората се однесува на посточеките компании кои се во раст и добиваат нови косопственици. Новите сопственици сега се