Ова, како што соопштува Царинската управа, е регулирано со денеска потпишаниот Меморандум за соработка.
Со Меморадумот меѓу другото, се пропишува размена на информации во насока на непречено, редовно и безбедно одвивање на контролата на земјоделските производи и други објекти и предмети, производи за заштита на растенијата, ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, семе и саден материјал за земјоделски растенија.
Активностите на заемна помош врз основа на потпишаниот Меморандум ќе бидат конкретизирани преку следење, усогласување, оптимизација на процесите и изнаоѓање на решенија за евентуално пројавените проблеми.