Македонската царина изминатава недела во неколку различни случаи заплени околу 35 илјади евра.
На скопскиот аеродром „Александар Велики“, запленети се 20 илјади евра и 7 илјади франци.
Во првиот случај македонска државјанка која имала намера да отпатува во Рим, непријавила 10 илјади евра. По извршената контрола од страна на царинските службеници во нејзиниот тефтер и патничка торба се пронајдени уште 12 илјади евра.
На патничката и е вратен само износот кој што може да го изнесе од државата, однсно2 илјади евра, а останатите 20 илјади евра и се привремено задржани.
Во вториот случај на аеродромот, кај македонски државјанин кој допатувал од Цирих, царинските службеници во џеб му пронашле 19 илјади франци, за кои немал документ за потекло.
Според прописите, на патникот му се вратени 12 илјади франци, а останатите 7 илјади му се привремено задржани.
На граничниот премин Блаце, во два различни случаи откриени се непријавени 8.350 евра.
Во првиот случај, во џеб од панталоните на возачот пронајдени се 4.950 евра, од кои привремено се задржани 2.950 евра.
Во вториот случај, исто така, во џеб од панталоните на возачот пронајдени се 7.400 евра, од кои привремено се задржани 5.400 евра.
Во двата случаи патниците не поседувале документи за потекло на девизите. Согласно законските прописи, на патниците им се вратени по 2 илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.