Царината заплени прехранбени производи, цигари, облека, лед и фалсификати

Царинските службеници откриле една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани прехранбени производи, цигари, облека, лед светилки и фалсификати.

На царинската испостава Скопје 3 исто така е откриен обид за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.

„Фирма увозник од Скопје пријавила за увозно царинење две товарни моторни возила, декларирани во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 5% и стапка за ДДВ од 18%. При контрола на документите и возилата, царинските службеници откриле дека всушност се работи за патнички моторни возила, што се распоредуваат во сосема друга тарифна ознака, каде покрај царински давачки од 5% и ДДВ од 18%, пропишани се и акцизни давачки,“ велат од Царината.

Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни давачки во износ од над 131 илјади денари.