Цариниците утрово спречиле нелегално изнесување на 100 илјади долари

Утрово, за излез од државата се пријави автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин.

На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, возачот и патниците одговорија дека немаат ништо за пријавување. Еден од патниците во возилото, македонски државјанин со иницијали Ј.И. изјави дека со себе носи околу 1000 долари за трошици по пат.

Поради сомневање во изјавата, пристапено е кон контрола на возилото и патниците. Притоа, при личен претрес на патникот Ј.И., во чанта која ја носеше со себе пронајдени се непријавени 100.000 американски долари.

Согласно Законот за девизно работење, 2.700 долари (противвредност на 2000 Евра, износ кој резидент слободно може да ги изнесе од државата) му се вратени на прекршителот, додека остатокот од 97.300 долари е привремено задржан.

Против прекршителот е поведена прекршочна постапка.