Цариник заработил кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против царинскиот службеник Г.М.(51) од Охрид.

Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

-Тој, како царински службеник, на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, кај Дебар извршил пропуштање на криумчарена разновидна прехранбена стока без декларација, сопственост на В.И. од Дебар. На тој начин овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување на царинска контрола и наплата на увозни давачки, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Димоски посочува дека на тој начин Г.М. му овозможил на В.И. да се стекне со противправна имотна корист во износ од околу 468.000 денари.