Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека новата концепција во образованието беше усвоена од Владата, откако претходно, три месеци имаше дебата за неа и беа вклучени сите засегнати страни.
-Новата концепција е јавно достапна. Денеска влегуваме и со јавен повик, за кој претпоставувам веќе е објавен, а се однесува на подготовка на наставните програми за учебната 2021/2022 година во прво и четврто одделение кои ќе започнат по новата концепција. Ги повикувам сите наставници и професори да се вклучат во подготовката на програмата оти навистина е значајна за националниот капацитет, кој го имаме од професори да го даде својот максимум во подготовката на квалитетни програми, изјави Царовска.