Царовска: Имаме една цел да го заштитме јавното здравје и здравјето на наставниците и учениците

Министерката за образование и наука Мила Царовска која вечерва беше гостин во вестите на Сител рече дека главната цел на МОН е заштитата на сите чинители во образованиот процес кој стартура утре, како и заштита на јавното здравје.
Царовска истакна дека средношколците кои денеска побараа од ноември да следат настава со физичко присуство доколку се партнери на МОН и дека заедно ги изнаоѓаат решенијата.
“Тие бараат да следат физичпки настава само доколку тоа го дозволи епидемиолошката состојба.  Доколку таа не се менува, училиштата да се отворат. Кој сака затворени училишта? Ние сите сакаме училиштата да работат.”
По однос на училиштата на кои им с еодбиени барањата за физичка настава, Царовска појасни дека е многу важно јавноста да знае дека министерството не работи врз основа на желби, туку дека МОН има една единствена цел, а тоа е заштита на јавното здравје, заштина на здравејто на учениците и наставниците, и дека секоја една одлуика е донесена врз осона на здравстените препораки.
“Што доколку за една недела сите училишта ги отвориме и за една недела сите училишта ги затвориме? Тоа што ќе има протести, различни мислења, не менува одлуки кои се донесени врз осона на препораките од здравствената Комисија. ”, образложи Царовска.
Царовска кажа дека флексибилноста е најважна. Градоначалниците заедно со училиштата треба да проверат дали и кои училишта се подготвени и имаат навистина услови за следење настава со физичко присуство.