Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Живко Митревски е назначен за член на Управниот одборд на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија со решение од Владата, тврди денеска Мила Царовска, претседателка на Советот за социјална политика.
„Еве ја содржината на тоа Решение, објавено во Службен весник на Република Македонија на 21 јануари 2014 година. Синдикалниот лидер Живко Митревски според ова Решение станал член во Управниот одбор на ПИОМ и си обезбедил уште една месечна плата. Согласно законот (член 154 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување) еден претставник од Синдикат се избира во Управниот одбор. Но, досега не се случило да биде избран Претседател на Синдикат! Проблем не е само акумулацијата на функции кај првиот човек на ССМ. Проблем е што тој што треба да се бори за работничките права пред Владата прима екстра пари токму од Владата“, вели Царовска.