„Со ваквото однесување, без разлика дали политичарите припаѓаат на позицијата или опозицијата, го загрозуваат развојот на државата. Замислете да пристапи Грција кон порадикални чекори кон нашата држава. Ние направивме историски исчекор, сме потпишале договор, се движиме кон НАТО, се движиме кон Европската Унија и велиме сме го решиле прашањето со името и наеднаш ви се појавува опозицијата, која и онака го кочеше целиот процес со развој на државата и поврзување со соседите, сега на овој начин заради евтина политика ја става државата во ризик. Ова навистина е несериозно и политичка одговорност мора да се понесе- изјави потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска во емисијата 360 степени на Алсат.
Царовска тврдеше дека верзијата што ја користеше Мизрахи во јавноста дека таква табла наследила наводно била лажна.
„Четири табли има во нашето министерство поставени на различни локации. Некои се поставени една позади друга, но министерката Мизрахи избра да стои пред таблата на која името на државата не е сменето. Инаку апсолутно дека банерот со новото име што го користев јас постои, тој е во секторот за односи со јавност во министерството. Оваа табла што ја користи Мизрахи е од 2009-та- 2010-та година, што значи е стара. Дополнително има табла на која стои Северна Македонија- општество за сите во контекст на заштита на правата на ЛГБТИ заедницата, има табла на која стои само напис „Се грижиме“ без името на државата, но таа избра на почетокот да стои пред бел ѕид, а потоа пред таблата. Дополнително јас направив нова прес сала, целата со бели ѕидови во која може да се постави кој било банер со цел да се обележи видот на прес конференцијата. И за таквата нејзина одлука таа треба да понесе одговорност“- дополни Царовска.
Притоа ѝ забелеќа на Мизрахи дека „ретко се појавувала“ на седници на Владата.