-2.2 C
Skopje
среда, февруари 5, 2025

Царовска: Вонредната состојба треба да продолжи одреден период

Со оглед на тоа што вонредната состојба значи поголема оперативност за дејствување на Владата и со оглед на последните податоци од тестирањата за коронавирусот, сметам дека воредната состојба треба да се продолжи уште одреден период, оцени потпретседателката на СДСМ Мила Царовска во  интервју за емисијата „360 степени“.
Таа најави дека утре во утринските часови, во пресрет на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, ќе има вонредна владина седница на која Владата ќе донесе конечна одлука дали ќе побара продолжување на вонредната состојба.„Изборниот процес треба да продолжи веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Со оглед на тоа што операционализацијата на сите активности тече и дека Владата треба да биде многу оперативна во овој период, но и по последните податоци од тестирањата  сметам  дека ни е потребно вонредната состојба  да биде продолжена уште одреден период, можеби не 30 дена, но одреден период за да ги разгледаме сите околности“, додаде Царовска.