Надлежност за обезбедување на документи за педагошка евиденција има Бирото за развој на образованието и има обврска до крајот на учебната година, тоа е 31 август, да ги додели свидетелствата, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска. Како што кажа таа, постапката е во своите законски рокови.
„Засега, 9-тто одделение и 4-та година ги имаа свидетелствата навремено, ги спремаат дипломите коишто ќе им ги дадат на учениците коишто треба да се пријават на факултетите и ќе ги спроведуваат и во другите одделенија затоа што треба да се доделат до крајот на учебната година, не наставната година“, рече Царовска.