![центар](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/centar.jpg?resize=696%2C557&ssl=1)
Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ), како организација која се занимава со истражување на безбедносни појави, но и со истражување и анализа и на други општествени случувања кои може да имаат безбедносни импликации или да имаат негативен ефект врз суверенитетот и уставниот поредок на Република Македонија, ја изразува својата длабока загриженост и несогласување со максималистичките барања кои Бугарија ги постави за симнување на ветото и отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија, велат од ЦБИ.
Став на ЦБИ е дека целиот овој процес ќе заврши (доколку се прифати предлогот) со предизвикување директна штета врз националните и стратешките интереси на Република Македонија. Дополнително, со ставањето потпис на овој предлог, во кој нема ниту еден елемент на заштита на македонскиот идентитет, се доведува во прашање и јазикот, историјата и културата, а со преговарите за промена на значењето на историските личности од странски држави се нарушува и македонскиот национален суверенитет, сметаат од организацијата.
Повикуваме на максимална будност и внимателност од страна на македонските државни органи, за да не се оствари штета кон виталните интереси на нашата татковина, Република Македонија!, се вели во повикот на Центарот за безбедносни истражувања.