Кога ја прашале зошто била во притвор и дали тоа има врска со тоа што во куќата на нејзиниот сопруг пронашле оружје, Цеца изјавила дека таа приказна е завршена одамна.
– Сите го знаеа тоа, но тоа и така е одаман завршена приказна. Многу приказни се кажани. Искрено, ниту јас не знам што да ви кажам. Не сакам да се потсетувам на тој период, ретко и коментирам за тоа што ми се случи. Не сум некој кој зборува преку медиумите и можеби ми е тоа голема грешка. Да го правев тоа и да се бранев од нападите, можеби ќе го минев животот поубаво и не би ми лепеле било какви етикети, изјавила Цеца.
Таа додала дека не знае зошто не била посакувана од претходната влада.
– Знам дека тоа траеше 10 години, од 2003 година. И мене некои работи ми се потполно нејасни. Ниту можам да дојдам до одговор, ниту пак се трудам. Сега се е готово. Не е важно. После се сакам да живеам со моето семејство, рекла пејачката.
Познато е дека Цеца и Жељко биле пријатели со Ружица и Зоран Џинџиќ.
– Да, бевме пријатели. Жељко и Зоран беа во одлични односи, а на концертот на Маракана првото цвеќе го добив токму од Ружица и Зоран. И по смрта на Жељко бев во добри односи, први дојдоа да ми дадат сочувство. Тој ми рече: „Ајде заедно да се бориме против Милошевиќ и да го собориме од власт“. Одбив. Никогаш не сум се занимавала со политика, тоа не ме интересира. А потоа се случи големата несреќа. Мислам дека сите изгубивме многу со неговата смрт, видно потресена зборувала Цеца.
Бидејќи ја поврзувале со луѓето кои го убија Зоран Џинџиќ, Цеца изјавила дека тоа што познава некој, не значи дека тоа и го направила.
– Тоа се случуваше во време кога ембаргото можеше да се плати во готово. Казнета бев поради трансфер чиј дел од парите е прокнижен на мое име. Затоа плаќам казна, а не поради затајување данок. Секој динар го инвестирав во Обилиќ, што е очигледно, бидејќи оној стадион не падна од небо, завршила Цеца.