Цеца Ражњатовиќ: Досадна сум! Замислете по цел ден да се пресоблекувам и фотографирам

Во емисијата „Екслузив“ новинарот шегобијно и рекол на Цеца дека и нејзините деца се поинтересни од неа бидејќи тие барем оставаат по некоја слатка фотка, а таа ниту излегува нити ги информира своите фанови кои се случуваат во нејзиниот приватен живот. Цеца на тоа имала многу   интересен одговор.

Имено, пеачката се насмеала и рекла:

„Па досадна сум, само замислете ме по цел ден да немам друга работа и да се пресоблекувам и фотографирам за друштвените мрежи.  Немам јас време за тоа, едвај се сликам и за албум,  не спомнувајќи на кого мисли дека тоа постојано го прави и додала – „немам инстиграм, фејсбук ми се фан страници, така што во суштина сум досадна, вистина е.

Се осврнала на непријатната ситуација кога веќе три пати по ред нејзиниот син Велко е нападнат пред куќата:

„Се надевам дека таа серија непријатности е завршена и не мислам дека тоа има некоја сериозна позадина. Знаете како е, млада зовриена крв, се случува. Ќе ги оладат главите.