Цел свет е во војна со инфлацијата, побарувачката за злато значително над понудата

Светот е на работ на голема криза. Инфлацијата во светот ги урива сите рекорди Во моментов сме сведоци на историски пораст на цените, а рецесијата и стагфлацијата стануваат се пореални сценарија кои го очекуваат светот во блиска иднина.

Ниту најразвиените економии во светот не се поштедени, па така и инфлацијата во Германија, Велика Британија и Америка достигна рекордни вредности во последните шеесет години.

Во Германија, според извештајот на Националниот институт за статистика, ова е највисокото поскапување од 1949 година.

Според податоците на Евростат, инфлацијата во Европа во мај изнесувала 8,8 отсто. Колку е овој раст висок, најдобар показател е фактот што инфлацијата во претходната година, според извештајот на истото тело, изнесувала 2,3 отсто.

Иако во текот на 2021 година многу претставници на централните банки на Америка, Европа и Англија ги уверуваа граѓаните дека нема да има инфлација, денес сите земји се соочуваат со енормно зголемување на цените. Најголем раст забележаа прехранбените и енергетските производи.

Порастот на цените беше поттикнат од пандемијата Ковид 19, кога земјите отпечатија огромни суми пари за да ги спасат своите економии.

Војната во Украина донесе нова димензија на неизвесност и само го забрза растот на цените. Заострувањето на односите меѓу Русија и Западот резултираше со зголемување на вредноста на енергетските производи, што ја турна инфлацијата уште посилно кон нови рекорди.

Обединетото Кралство бележи стапка на инфлација од 9%, што е рекорд во последните 40 години.

Инфлацијата во Германија е 7,9% Производните цени во Германија растат со рекордна брзина. Производните цени на индустриските производи се зголемија за 33,6% на годишно ниво.

Инфлацијата е најголемиот проблем на Америка. 70% од анкетираните Американци ја гледаат инфлацијата како најголем социјален проблем. На Волстрит има голем страв од рецесија. Зголемувањето на каматните стапки од страна на ФЕД дополнително го зголеми стравот.

Светот со години се плаши од инфлација. На тоа укажува и фактот што повеќето од најразвиените земји во светот во претходните години значително ги зголемија своите златни резерви и ги издвојуваа од меѓународните трезори во трезорите на сопствените централни банки. На овој начин тие дополнително ги хеџираа, односно ги заштитија сопствените парични средства од девизните резерви.

Општо е познато дека секоја валута има одредена количина на златна поддршка. Колку е поголем уделот на златните резерви, толку е постабилна валутата.

Златото со векови се користи како сигурен инструмент во борбата против инфлацијата.

Побарувачката за злато на светско ниво значително ја надминува понудата. Токму преку растот на неговата вредност се штитат парите од инфлација, т.е. се заштитува куповната вредност на парите.

Во моментов имаме ситуација кога вредноста на златото е во мирување, а инфлацијата, со народен јазик, дивее.

Историски, вакви случаи веќе се забележани, како резултат на тоа се случи вредноста на златото само да „експлодира“ и значително да ја надмине ста0пката на инфлација за само неколку днеови.