Цела армија федерални државни службеници во САД прифатија доброволно напуштање на службата

Околу 75.000 американски федерални службенинци ја прифатија понудата од администрацијата на претседателот Доналд Трамп доброволно да ја напуштат службата, изјави доцна во средата портпаролот на Бирото за управување со персоналот на САД.

Програмата за доброволно заминување е еден од многуте пристапи што Трамп ги презема за да ја намали федералната работна сила од 2,3 милиони луѓе, обвинувајќи ја за неефикасност и пристрасност против него. Тој, исто така, им нареди на владините агенции да се подготват за опсежни кастрења на работните места во федералната администрација, а неколку веќе почнаа да отпуштаат неодамна вработен при заминување на претходната администрација кои немаат целосна сигурност за зачувување на работното место. На функционерите им било кажано да се подготват за отпуштање до 70 отсто од персоналот во некои агенции, велат изворите на Reuters.

Синдикатите ги повикаа своите членови да не ја прифаќаат програмата за доброволно заминување и предупредија дека не може да му се верува на Трамп дека ќе ја почитува. Понудата ветува дека ќе им се исплаќаат редовни плати и бенефиции на вработените до октомври без да мора да работат, но синдикатите велат дека тоа можеби и не е баш така. Сегашните закони за трошење истекуваат на 14 март и нема гаранција дека платите ќе бидат финансирани по тој момент, велат опозициските демократи. Трамп го именуваше милијардерот Илон Маск да раководи со новосоздадената Канцеларија за владина ефикасност, која ги прочистува платите и персоналните досиеја во обид да го намали за еден трилион тој дел од федералниот буџет, кој беше 6,75 трилиони долари минатата година. Платите за цивилните федерални работници сочинуваат помалку од пет проценти од вкупниот буџет.