Цела Германија на нозе по убиството на политичарот- аеродромите и железничките станици полни со полицајци

Опсадната состојба во Германија поради убиството на политичарот Вернер Либке кој вчера беше пронајден со прострелна рана на главата, се уште трае.

Полицијата се уште го бара 22-годишниот Сириец, Јабер Албакр кој избегал откако во неговиот стан во градот Кемниц бил пронајден експлозив.

Во големата акција уапсени биле тројца мажи кои се поврзани со избеганиот 22-годишник осомничен дека планирал бомбашки напад. Двајца бегалци се уапсени во централната железничка станица, а третиот во близина на станот во кој се извршил претрес.

Во 2015 година, Либке предизвикал критики поради поддршката на мигрантите. Непосредно после тоа, добил стотина заканувачки писма, а по некој период и лично обезбедување.

Поради неговото убиство Берлин се чува со полициски сили, а најмногу полициски службеници има на железничките станици и аеродромите.