Предраг Мариќ, началник на секторот за вонредни ситуации предупреди дека ситуацијата во Шабац е најкритична и дека се активирани свцлечишта во Мали Зворник. Тој додал дека речиси цела планина се двиќи кон Дрина.
Во тек е евакуација на повеќе од 8.500 луѓе од Шабац, каде реката Сава проби насип. Во тек е евакуација и во Шид, каде ситуацијата зависи од висината на поплавниот бран од Хрватска што се очекува во среда.
Спасувачки тимови од Русија, Белорусија, Австрија и Франција се префрлени од Обреновац во Шабац.