
Сите пари кои претходната влада ги намени за капитални проекти во изминатиот период беше потрошена непродуктивно, рече во вторникот на собраниска седница, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска.
Таа кажа дека искуството за овие две години е оти сите пари обезбедени од претходната влада кои биле наменети за капитални проекти, истите биле пренаменети и се трошеле непродуктивно или биле пренаменети за социјални трансфери.
Митовска, исто така, потенцираше дека владата не успеала да ги изменаџира средствата и да ги помири тековните трошоци за плати и социјални трансфери и затоа ги пренаменила парите од капиталните инвестиции за овие намени.