Целосна блокада на Белата куќа поради непознат автомобил

Белата куќа беше во блокада, бидејќи бил забележан автомобил како неслужбено ја следи колоната на службени возила, во која биле ќерките на американскиот претседател Барак Обама, Саша и Малија.

Портпаролот на американската Тајна служба изјави дека еден автомобил непрописно го поминал безбедносниот пункт , по што моментно го застанале униформираните припадници на Тајната служба, пренесува Ројтерс.

Возачот на автомобилот бил уапсен, а припадниците на вашингтонската полиција го прегледале автомобилот да проверат дали во него има експлозив.

Агентите утврдиле дека се работи за 55-годишниот Метју Еван Голдстин, вработен во американската дамочна служба, кој по инцидентот бил уапсен.

За време на блокадата, во Белата куќа не можел никој ниту да влезе ниту да излезе.Па откако било утврдено дека е безбедно, била одблокирана.