СДСМ и Златко Марин покажуваат огромна незаинтересираност за состојбите во општината, како советничка група тоа можевме да го забележиме од посетите на населбите во Аеродром и разговорите со граѓаните, се истакнува во соопштението за медииумите на советничката група на на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во оваа скопска општина
„Сѐ што вети Марин пред избори се покажа како апсолутна лага. Граѓаните се разочарани, проблемите се зголемуваат и за жал нема кој да им помогне. Од остварените посети на Мичурин, Ново Лисиче, Лисиче, т.е. улица Тодор Чангов и населба Лисиче, можевме да чуеме за огромен број на проблеми. Но градоначалникот Марин, за жал, избегнува да се соочи со овие проблеми на граѓаните. Тој не само што не се појавува пред граѓаните, туку истите теми ги избегнува и во самиот Совет на општината“, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ
Токму поради ваквата незаинтерсираност за проблемите и потребите на граѓаните, истакнуваат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, тие се принудени овие прашања да ги адресираат јавно преку медиумите.
„ Хигиената и одржување на зеленилото во општината секаде е огромен проблем. Што прави Општина Аеродром во таа насока?
Јавноста гледа дека нула се инвестиции за подобрување на инфраструктурата и решавање на реалните проблеми на граѓаните. Каде се трошат народните пари, ако не на комунални и инфраструктурни проекти?
Дали и како планира градоначалникот Марин да го реши проблемот со недостаток на паркинг места во Мичурин и Ново Лисиче?
Дали планира изградба на сервисна улица паралелна со Булевар 3-та Македонска бригада во делот на месноста Табак сити?
Дали ќе го исполни ветувањето и ќе донесе ДУП-ови за населените места во Лисиче или ќе урбанизира само онаму каде што има интерес од изградба на згради?
Дали и кога планира да го изгради училиштето Димитар Македонски во населба Лисиче?
Дали планира реконструкција на амбулантата или изградба на нова амбуланта во населба Лисиче?
Дали воопшто планира изградба на градинка во Мичурин и на улица Тодор Чангов, ветена во програмата?“, се прашањата поставени до градоначалникот Марин кои во името на граѓаните до неговата опоштина ги поставуваат опозициските советници.
Притоа истакнуваат дека како советничка група редовно поставуваат прашања до градоначалникот, но тој не ги удостојувал со одговори.
„Уште позагрижувачко е што на неколку поставени прашања до него, добивме одговор дека општината нема информации за реализација на партиска изборна програма. Ако Марин има кратко паметење, граѓаните добро паметат што им ветуваше пред изборите. Марин може да се крие, ама не може да избега од јавноста. Граѓаните на дело ја гледаат неспособноста и неработењето на актуелната локална власт и не дозволуваат веќе со празни зборови и ветувања да бидат лажени од страна на Златко Марин“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.