Целосна поддршка за Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ од Македонско друштво „Илинден”- Тирана

Македонско друштво „Илинден”- Тирана дава целосна подршка за Резолуцијата за македонските црвени линии предложена од ВМРО-ДПМНЕ со кој се штити идентитетот, вели претседателот на „Илинден“ Никола Ѓурѓај.

„Резолуцијата е плод на заедничките ставови на МАНУ, УКИМ и МПЦ – ОА ќе ги заштити националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси. Македонско друштво ‘Илинден’ – Тирана ги повикува сите политички партии во татковината Македонија сите македонски организаци во светот ги повикува да ја подржат ова Резолуција. Македонскиот јазик, идентитет и историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори“, подвлекуваат од Македонско друштво „Илинден”- Тирана.