Целосна стипендија за најдобрите кандидати за Филмската академија

Голем е интересот за апликации на Филмската академија која за прв пат се отвора во Охрид и е во рамки на исклучителната соработка која ја имаме со Филмската академија во Прага, вели заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Досега имаме пристигнато 13 апликации за студенти на сценарио и продукција, што е навистина голема бројка за областа за која говориме. Станува збор за втор циклус, постдипломски студии, за област во која годишно не можеме да продуцираме многу повеќе нереална хиперпродукција на кадар. Во договор со управата на Филмската академија во Охрид рокот за апликација го продолживме до 11 октомври, очекуваме дополнителни апликации. По ова ќе се утврди конечната листа на студенти кои ќе бидат примени, истакна Ристовски.

Заменик министерот за образование објасни која е процедурата за доделување на 20-те стипендии од МОН.

Секој од кандидатите ќе биде лично интервјуиран од професорите и тие не прават компромиси кога станува збор за квалитет. За илустрација, на Филмската академија во Прага пред осум, девет години тие имале само тројца пријавени кандидати, но примиле еден. Конкуренцијата е важна, но оној што ќе биде избран ќе биде со најдобри квалификации и ќе добие полна стипендија од страна на МОН, посочи Ристовски.

Целото гостување може да го погледнете во видеото во продолжение.