Целосно е изгаснат пожарот, кој што попладнево избувна домот за деца со воспитно социјални проблеми „25-ти Мај“ во Скопје, а не беше дозволено негово проширување, рече денеска командантот на противпожарната единица, Благоја Менковски.
Во гаснење на овој пожар, кој што избил на третиот кат од зградата, учествувале осум возила на противпожарната бригада.
Од пожарот нема повредени лица.