Целосно ќе се реконструира Спомен домот на Разловечкото востание

По долги години запоставеност целосно ќе се реконструира Спомен-домот на Разловечкото востание во селото Разловци, Делчевско.

Врз основа на извршените истражувања и постојната архитектонска документација, ќе биде изработен проект според кој ќе бидат прецизирани конкретните активности за непосредна заштита на објектот, по што ќе започнат активностите за санација. Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи зачувување и презентација на еден значаен сегмент од македонската историја и култура.

Изградбата на Спомен-домот на Разловечкото востание почнала во 1976 година.