Целосно комплетирани сите 16 ветерници во Богданци

Проектот „Парк на ветерни електрани“ во Богданци е во завршна фаза.

Поради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци во дистрибутивната мрежа утрово од пет до седум часот без електрична енергија беа населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци. Работата е веќе завршена и во четирите општини има нормално снабдување со електрична енергија.

За ова во Дневникот на Сител говореше Дејан Бошковски, директор на ЕЛЕМ.

„Го означивме финишто на избедувањето на градежните работи на овој ветерен парк, чија градба ја почнавме во месец мај 20113-та година. Сега сме во фаза на техничко приклучување на ветерниот парк кон електроенергетскиот систем на Македонија. Изминатиов период се вршеа сите крупни градежни зафати, од ноември до февруари се носеше опремата која беше потребна за инсталирање на самите ветерници. Во декември започна и самата монтажа на тие ветерници, а кон крајот на февруари заврши поставувањето”, рече директорот.

ПВЕ „Богданци“ со 16 ветерни електрани  распространети на 29 хектари  се очекува да испорачува најмалку 100 гигават часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на 60.000 граѓани. Истовремено тие ќе ја зголемат инстралирана моќност на АД ЕЛЕМ за 36,8 мегавати, како и учеството на обновливите извори во нејзиното производството.