Со финалното асфалтирање на пешачката патека на улицата Љубљанска на потегот пред Сити Мол, заврши реконструкцијата на патеката во насока од булеварот Илинден кон булеварот Партизански одреди, на вкупна површина од 1000 квадратни метри.
Со реализацијата на овие градежни активности, пешачката патека на улицата Љубљанска е целосно реконструирана од двете страни, на вкупна површина од 2.300 квадратни метри.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во претходниот период целосно ја реконструираа и пешачката патека на улицата Љубљанска во правец од булеварот Партизански одреди кон булеварот Илинден, на вкупна површина од 1.300 квадратни метри.
Со цел зголемување на безбедноста за пешаците и спречување на непрописно паркирање возила, на реконструираната пешачката патека досега се поставени 94 заштитни столпчиња, а во наредниот период ќе се постават на целиот потег.
Со обновувањето на пешачката патека се олеснува движењето на пешаците на овој потег и се зголемува безбедноста за учесниците во сообраќајот во овој дел од градот.