Тецуја Јамагами, 41-годишниот жител на јапонската префектура Нара, кој смртно во петокот утрото смртно го застрела поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, првични планирал да го изведе нападот врз друго лица, објави во саботата новинската агенција Kyodo.
Во прилогот се истакнува дека Јамагами во текот на сослушувањето признал дека првично планирал атентат врз лидер на некоја верска организација, но подоцна се премислил и решил да го убие Абе. Имено, тој верувал дека и поранешниот јапонски премиер бил поврзан со таа религиозна група. Засега не е објавен називот на таа организација.
И претходно извор запознаен со текот на истрагата, исто така, за медиумите изјави дека Тецуја Јамагами го објаснил својот напад врз Шинзо Абе со тоа што сметал дека поранешниот премиер е вклучен во одредена религиозна група. Според него Абе припаѓал наводно на одредена група луѓе, поради којашто семејството на Јамагами се соочило со сериозни финансиски проблеми.
„Мајка му беше вовлечена во оваа група, даде голема донација за на, поради што животот на нашето семејство тргна надолу“, го цитираше јапонската јавна телевизија NHK изјавата на Јамагами дадена во текот на прелиминарното сослушување.
Полицијата на западната префектура Нара, којашто го истражува случајот, се воздржа од коментар на оваа тема во текот на специјалниот брифинг во петокот, појаснувајќи дека тоа е интерес на истрагата.
Јамагами ѝ рекол на полицијата дека ден пред смртоносното пукање отишол во западниот град Окајама, каде што Абе, исто така, држел предизборен говор за неделните избори за Домот на советниците, според изворите.
Јамагами негирал дека го извршил злосторството затоа што се спротивставувал на политичките убедувања на Абе, според полицијата. Полицијата го претресла неговиот дом во петокот, при што пронашла предмети за кои се верува дека се експлозиви и рачно изработени пиштоли, вклучително и слични на оружјето користено во нападот.