Цената на блокадат на владата на САД е 11 милијарди долари

Делумното затворање на сојузните владини агенции во текот на малку повеќе од еден месец, ја чинело економијата на САД повеќе од 11 милијарди долари, од што три милијарди нема да може да бидат надоместени, соопшти Конгресното биро за буџет (CBO).

„Поради падот на економската активност, Конгресното биро за буџет оценува дека бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје е помал за 3 милијарди долари. Во првиот квартал од 2019-та, нивото на БДП-то е помало за 8 милијарди долари (…) што истовремено го одразува делумниот прекин на работата на сојузната влада и закрепнувањето на економските активности“, се додава во соопштението.

Три милијарди долари изнесуваат околу 0,02 отсто од прецените на БДП-то за 2019 година, додаваат од CBO.

„Освен прикриеното влијание на економијата во целина, влијанието врз работниците и поедини компании ќе биде уште поголемо … Некои компании во приватниот сектор никогаш нема да ја надоместат загубата на приходите.. Иако главнината од БДП-то загубена во четвртиот квартал од 2018-та и во првото тримесечје од 2019-та во крајна линија ќе биде надоместена, CBO оценува дека околу 3 милијарди долари нема да може да бидат надоместени“, се додава во извештајот.

По повеќе од триесет дена блокада со која беа опфатени 800.000 државни службеници, американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека е постигна договор за прекин на ткн „шатдаун“ кој предвидува финансирање на сојузните служби до 15-ти февруари. Сепак, се закани со нова буџетска блокада доколку не биде постигнат консензус за градење на ѕидот на мексиканската граница, за која тој бара да се финансира од буџетот а на што се противи Демократската партија.